1

Го бара Скотланд Јард: Кувар и татко од Босна, украл прстени вредни 2 милиони фунти

Хрватскиот државјанин Винко Осмакчиќ, кој сее поврзува со злогласната криминална група Пинк Пантер, се бара заради кражбата на три дијамантски прстени во Лондон на 4-ти јули минатата година на Саемот за уметност.

Се сомнева дека Осмакчиќ, кој користел неколку различни идентитети, учествувал во бројни кражби низ цела Европа во последните децении. Трите дијамантски прстени, украдени минатата година на Лондонскиот моден саем, вредат повеќе од два милиони фунти.

“Тоа беше добро планирана и безобзирна кражба, која беше спроведена на среде  саемот за уметност”, изјави Крис Тејлор, водител на истрагата.

Скотланд Јард објави фотографија на осомничениот и изјави дека Осмакчиќ веројатно ја напуштил Британија и се наоѓа некаде во Европа.

Како што објавија полицијата, тој сé уште е познат под имињата Винко Томиќ и Јуро Маркелиќ, известува standard.co.uk.

Затворска казна служеше во затворот во САД, откако под имеот Јуро Маркелиќ беше обвинет за кражба на огрлица вредна милиион долари во златара во Лас Вегас во 2002 година. Како што пишуваат медиумите, тој себе после приведувањето се опишал како кувар, татко и оженет човек од Босна.Тогаш изјавил дека има 47.години.

Извор:faktor




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


7 + = twelve