Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во пораката по повод Денот на Европа изјави дека Европската унија е недовршен проект додека Турција не стане полноправна членка, пренесе агенцијата Анадолу (АА).
Денот на Европа се слави на 9 мај секоја година во знак на сеќавање на Декларацијата од Шуман, со која поранешниот шеф на француската декларација на денешен ден 1950 година предложи формирање на Европската заедница за јаглен и челик, која подоцна прерасна во Европска унија.
Турскиот претседател Ердоган, во писмена порака по повод Денот на Европа, изјави дека ЕУ стана модел за политичка интеграција на земјите.
– Во денешниот свет, неизвесноста расте секојдневно, а ЕУ се соочува со сериозни предизвици кога станува збор за почитување на глобалните вредности на човековите права, владеењето на правото, демократијата, еднаквоста и правдата, вредностите за кои ЕУ е декларативна и воспоставена – стои во пораката на Ердоган.
Предупредувајќи дека самата Европа е најголемата закана за иднината на Унијата, Ердоган истакна дека Европа се соочува со растечки проблеми на дискриминација, расизам, ксенофобија и исламофобија.
– Покрај економскиот, политичкиот и социјалниот придонес, Турција, со влегувањето во полноправно членство, ќе даде најголем придонес во решавањето на овие проблеми на Европската унија – рекол Ердоган.
Ердоган, исто така, рекол дека Турција се уште е посветена на целта за интеграција во ЕУ.
– И покрај саботажата на неколку членки, Турција се уште е посветена на стратешката цел за стекнување полноправно членство во Европската унија – заклучил Ердоган.