mahatir

Малезија: Махатир Мохамед стана премиер во 92-та година

Коалицијата на опозициските партии Пакатан Харапан (ПХ) предводена од Махатир Мохамад победи на парламентарните избори во Малезија. Со тоа заврши 60-годишното владеење на коалицијата Барисан Натионал  (БН, Национален фронт), а 92-годишниот Махатир Мохамад стана најстариот премиер на светот. Да, сè уште сум жив. Ние нема да бараме одмазда, туку ќе го вратиме владеењето на правото “, изјавил Махатир по победата.

Махатир Мохамад го победи Наџиб Разак чија репутација беше нарушена со корупциски скандал. Според проценките на американските истражители помеѓу 2009 и 2014 година, од државниот фонд на Малезија исчезнале најмалку 4,5 милијарди долари, а на сметката на Наџиб Разак завршиле 700 милиони долари.

Веднаш штом беа објавени резултати од изборите поддржувачите на Махатир почнаа да ја слават победата на улиците.

- Тоа ќе биде дводневен државен празник, но нема да има празници за победниците - порачал новиот премиер на Малезија.

Махатир, кој владееше со Малезија 22 години, се повлече од неговата пензија за да учествува на парламентарните избори.

Извор:(Vijesti / НАП)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× 5 = thirty five