ердоган

Коалицијата на Ердоган води во пресрет на изборите во Турција

Турската владејачка партија АКП и нејзиниот партнер во коалицијата МХП ќе добијат 54% од гласовите доколку денес се одржат избори, покажала анкетата на MetroPoll. Парламентарните и претседателските избори во Турција се закажани за 24 јуни. Истражувањето опфатило 2.063 испитаници во 28 турски провинции, објави Ројтерс.

Партијата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган ќе освои 48 % од гласовите, додека МХП ќе добие шест отсто. Опозиционата ЦХП ќе добие 21%, новоформираната партија ИЈИ би исвоила 12% и прокурдската ХДП 10 % од гласовите.

Извор:(Vijesti / ФЕНА)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− two = 5