erdogan5

Голем интерес за посетата на Ердоган на Сараево, од Македонија тргнуваат 50 автобуси

Во Македонија владее голем интерес за работната посета на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во Босна и Херцеговина, најавена за 20-ти мај.

Салих Уташ, претседател на Сојузот на европските турско демократи (УЕТД) во Македонија, изјавил за Анадолија дека од Македонија организираа доаѓање на  заинтересирани за шестиот УЕТД Конгрес што ќе се одржи во Сараево, на кој ќе присуствува и турскиот претседател.

Тој истакна дека претставништвото на УЕТД во Македонија ќе учествува во Конгресот, како и други претставувања на оваа унија во Европа, додавајќи дека доаѓањето на Ердоган е посебна радост и среќа за нив. Тој истакна дека многу Турци што живеат во Македонија се многу среќни во врска со претстојната посета на Ердоган, велејќи дека тие претходно добиле бројни телефонски повици поврзани со оваа посета во канцеларијата на УЕТД во Македонија.

- Нашите граѓани во Македонија веќе имаат резервирано места, така што од тука ќе имаме околу 50 автобуси. Овде би сакал да нагласам дека од 2.000 резервирања околу 90 проценти ги сочинуваат нашите браќа и пријатели од Македонија. Ако Господ даде, на 19 мај во вечерните часови, сите ќе тргнеме заедно кон Сараево “, изјавил Уташ.

Тој нагласи дека очекуваат доаѓање на луѓе од Албанија, Косово, Црна Гора и Санџак за како што изјави во Сараево да го поддржат Ердоган и Турција .

Претседателот на Сојузот на европски турски демократи, Салих Уташ, нагласи дека сите оние кои сакаат да бидат дел од програмата што ја организира Сојузот, тоа можат да го сторат со пријавување најдоцна до 18 мај.

Извор:Faktor




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


seven + 3 =