Претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин разговараа за одлуката на САД за повлекувањето од нуклеарниот договор со Иран.

Ердоган и Путин исто така разговарале и за најновите случувања во Сирија

Според изјавите на кабинетот на турскиот претседател, Ердоган и Путин се согласиле дека одлуката на американската администрација за нуклеарниот договор е “погрешна”.

Двајцата претседатели истакнале дека договорот претставува дипломатски успех што требаше да биде заштитен.

Ердоган и Путин исто така разговарале за најновите случувања во Сирија.

Турскиот претседател упатил честитки до Путин по стапувањето на должност претседател на Русија по четврти пат.

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име