erdogan

Ердоган: Целта на Турција е стапка не пониска од 7%

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денес во Анкара изјави дека на другите земји може да им биде доволна стапката на  економски раст од два до три проценти, но Турција цели на стапка не помала од седум проценти, дури и ако е можно да биде двоцифрена стапка, објави агенцијата Анадолу (АА).

Ердоган говореше во Анкара на церемонијата на доделувањето на признанијата на Турската стопанска комора и берза (ТОББ), а во таа прилика зборувал за актуелните случувања во неговата земја.

- Нас нё не интересираат шпекулациите околу курсот, ниту пак каматното лоби за, ниту турски непријатели кои се кријат под маската на рејтинг агенцијата. Тие не нё интересираат  “, истакнал Ердоган.

Тој додаде дека тие се обидоа да ја угушат Турција во плитка вода, меѓутоа “ние нашата земја ја одведовме во мирно и безбедно пристаниште”, изјавил Ердоган.

Во врска со одлуката на Агенцијата за кредитен рејтинг на S&P за Турција, Ердоган истакнал: “Ние не сме членови на таа агенција за кредитен рејтинг.Во тој контекст, немате овластување да давате било какви забелешки за нас. ”

Во врска со претстојните претседателски и парламентарни избори, кои ќе се одржат во Турција на 24 јуни, Ердоган изјавил:

“Што ќе се случи на овие избори? Па, ќе се случи она што се случи на претходните 12 избори”.

Говорејќи за економскиот раст на Република Турција, Ердоган рекол дека Турција има за целдури и двоцифрена стапка на економски раст.

“На другите земји може да им биде доволен економски раст од два до три проценти. Треба да ги насочиме стапките на раст кои не паѓаат под седум проценти, дури и ако тоа е можно, таа да биде двоцифрена стапка”.

Извор:faktor




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


eight × = 64