1

(Фото) ТУРЦИЈА: Автобус излетал од патот, 4 мртви 22 повредени

Најмалку четири лица загинаа, а 22 се повредени откако еден автобус излетал од патот во местото Чилдир, недалеку од источниот турски град Ардахан.Foto: Anadolija

Се дознава дека станува збор за мал автобус кој се движел од турскиот град Игдир кон Грузија. Откако возачот ја изгубил контролата над возилото, автобусот излетал од патот во местото Чилдир, поточно кај местото Мозарет Даги.

Четири лица, вклучувајќи го и возачот, загинале како резултат на несреќата, додека 22 лица биле повредени.Foto: Anadolija

Повредените патници од автобусот биле извлечени од тимот на турската АФАД и членовите на жандармеријата, по што биле префрлени во болница. Исто така, се дознава дека меѓу повредените уште пет лица се во критична состојба..

Извор:РСА




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


3 + five =