На поранешниот премиер на Малезија, Разиб Разак,  забрането му е да ја напушти земјата поради обвиненија за корупција, објавија официјалните претставници денеска.

Забраната дојде откако Разак и неговата сопруга тргнале на одмор во странство, јави ББС.

Разиб Разак претрпе пораз на парламентарните избори во четвртокот, на кои победи од коалиција на опозициските партии предводена од поранешниот премиер на Малезија Махатир Мухамед.

Поранешниот малезиски премиер е обвинет за проневера на 700 милиони долари од државен инвестициски фонд, но беше ослободен.

Махатмир Мухамед, 92, положи заклетва посл победата на изборите и на тој начин стана најстариот државен лидер во светот.

Тој објави дека ќе ги испита сите наводи за корупција, вклучувајќи ја и проневерата на државни инвестициски фондови.

Извор:cdm

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име