Му се допаѓало тоа некому или не, Турција ќе продолжи да биде сё посилна и посилна, изјави денес турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во Истанбул за време на последната церемонија на меѓународни студентски средби организирани од Федерацијата на меѓународни студентски здруженија (ИДЕФ) во Истанбул.

Говорејќи за странските студенти кои посетуваат универзитетско образование во Турција, Ердоган нагласи дека во неговата земја 115.000 студенти од странство престојуваат на различни студии и дека целта е да достигне бројката од 350.000 студенти.

“Нашата цел е да влеземе во првите пет земји со најголем број угостени студенти”, рече Ердоган.

Тој додаде дека се преземени неопходните превентивни мерки од прифаќањето на студентите, процесот на студирање па се до дипломирањето, со што студентите нема да бидат искористувани од страна на терористичката организација ФЕТО, која, како што посочи, е непријател на исламот и Турција.

“За жал Албанија, е под еден вид на извесна инвазија на терористичката организација ФЕТО. Се разбира, ние ги продолжуваме разговорите. Порано или подоцна ќе го уништиме нивното движење. Секој ден напредуваме, нашата фондација Маариф во Албанија го продолжува процесот на преземање контрола над образовните институции таму “, истакнал Ердоган.

Коментирајќи ги ставовите на Франција за Турција, тој рече дека, без оглед дали му се допаѓало тоа на Франција или не, неговата земја ќе биде уште посилна.

“Може да се видете и забалежите она што (Франција) во последно време го прави против Турција. Ако ви смета што Турција станува сё посилна и посилна, сакале вие или не, ние ќе бидеме уште посилни“, изјавил Ердоган.

Ердоган, исто така, изнел и критики на сметка на Советот за безбедност на ОН.

“Ние сега порачуваме 196 земји:” Дали Вие немате право да бидете постојан член на Советот за безбедност на ООН? “Пет постојани членки, 15 привремени и 20 членови. Нека сите овие 20 членки бидат постојани и нека одат по ротирачки систем. Нека сите ови 20 членки бидат членки на Советот за безбедност на ОН. На тој начин, ќе живее членството на сите 196 членови на Советот за безбедност ќе живеат “, изјавил Ердоган.

Истакнувајќи дека моментално во Советот за безбедност на ОН,нема ниту една земја со муслиманско население, Ердоган продолжил: “Како е можно? Ние сакаме  правда. ОН е формирана за да се воспостави правда, но дали сега и ние моментално имаме таков пристап? Немаме. Ние тоа ќе продолжиме да го бараме. Ние бараме правда за човештвото. Порано или подоцна ќе успееме. Можеби не веднаш, но еден ден сигурно ќе биде одговорено на барањата на правдата на сите угнетени во светот “.

Извор: sndlive

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име