Jildirim

Нашите цели се јасни, заради тоа правиме сојуз со народот

Говорејќи за претстојните избори на 24 јуни, премиерот на Република Турција Бинали Јилдирим истакнал дека целта на Народниот сојуз (АК Парти и МХП) е јасна и дека таа се однесува на опстанокот и иднината на турскиот народ.Јилдимир денес претстојувал во североисточниот турски град Ерзинчан на церемонијата за заедничко отворање на неколку завршни проекти, и по тој повод се осврна на претстојните претседателски и парламентарни избори, кои ќе се одржат во Турција на 24-ти јуни.

Говорејќи за Народниот сојуз, во кој Партијата за правда и развој (АК Парти) и Партијата на националното движење (МХП) заедно ќе земат учество на претстојните избори, Јилдирим рекол:

“Како што знаете, формирани се и други сојузи и тие се формираат против Народниот сојуз, но нашата цел е многу јасна, опстанокот и иднината на нашиот народ, внатре и надвор, покажувајќи го исправниот и решителен став на народот против сите империјални сили. Заради тоа, ние нашиот сојуз го правиме со народот“. Тој додаде дека сите непријатели на Турција, сепаратистите, членовите на ФЕТО, по 13-ти пат ќе се соочат со разочарување кога ќе биде постигната победа на изборите на 24-ти јуни.

(Vijesti / AA)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


seven − 1 =