HAMNEI

Иран ги повикува муслиманите да ја развиваат науката како би се ослободиле од американската хегемонија

Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Камнеи денес повика на единство меѓу муслиманите и зајакнување на напорите за унапредување во науката, велејќи дека тоа ќе им оневозможи на “непријателите” како САД да доминираат во исламските земји.

- Денес, секој чекор што води кон меѓусебно разбирање меѓу исламските групи и секти е добра работа, а овој собирање е добар пример за активноста кон обединување на исламската нација. Напредокот во науката мора да се забрза, а исламската нација повторно треба да достигне врв на науката и цивилизацијата, така што непријателите на исламот и Американците не да можат да им даваат наредби на лидерите на исламските земји, изјавил Хамнеи на конференцијата за шиитски допринос на науката, објави Ројтерс.

Иранските лидери честопати повикуваат на исламско единство со што ќе му помогнат на Техеран во конфликт со својот најголем непријател, САД.

Во вторникот, САД се повлекоа од нуклеарната спогодба со Иран, заканувајќи се дека ќе ја казнат секоја странска компанија која работи во Иран.

Властите во Техеран негираат развој на атомско оружје и тврдат дека ја користат својата нуклеарна програма за мирни цели во областите како што се електричната енергија, земјоделството и медицината.

Извор: Фена




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


five − 3 =