Претседавачот на претседателството на Босна и Херцеговина Бакир Изетбеговиќ учествуваше на една програма во Сараево во организација на Младинскиот огранок на Партијата за демократска акција (СДА) чиј воедно е и претседател.

Во говорот што го одржа во оваа пригода Бакир Изетбеговиќ истакна дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган е голем лидер кого муслиманите го очекуваа долго време и дека затоа и не е премногу сакан од страна на Западот.

Изетбеговиќ информираше и во врска со посетата која што претседателот Ердоган ќе ја оствари на Босна и Херцеговина на 20 мај.

Притоа Бакир Изетбеговиќ истакна дека на средбата што ќе биде остварена во рамнките на оваа посета ќе се разговара и за проектот за изградба на автопатот Сараево-Белград кој што се гради со поддршка на Турција и кој ќе ги поврзува главниот град на Босна и Херцеговина Сараево и главниот град на Србија Белград.

Велејќи дека претседателот Ердоган е пријател на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ рече: „Нашиот пријател не е премногу сакан на Запад. Бидејќи Ердоган е голем лидер кого муслиманите го очекуваа долго време.“

„(Оние на Запад) Не се вознемирени од муслиманите кои не ги сметаат за свои конкуренти“ – рече претседавачот на претседателството на Босна и Херцеговина Бакир Изетбеговиќ и продолжи со следните зборови: „Меѓутоа кога е во прашање економскиот развој тие се вознемирени од човекот кој својата земја за 10 години од 20-сетото ја искачи на 10-тото место, го изгради најголемиот аеродром во светот, го нарами товарот на граѓанската војна, тероризмот и на сите војни кои што се доживуваат во околината на своите граници, ги отвори вратите на својата земја за 3 милиони бегалци.“

Извор:ТРТ

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име