erdogan

Ердоган: На странските студенти во Турција ќе им се издава дозвола за работа

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера во Истанбул говореше на финалната програма на 11-сетите Меѓународни студентски средби УДЕФ кои што се одржаа во Конгресниот центар Халич.

Ердоган во својот говор им даде две радосни вести на странските студенти кои се наоѓаат на студии во Турција и рече: „На странските студенти ќе им се издава дозвола за работа. Странските студенти ќе бидат вклучени во општото здравствено осигурување. На 115 илјади странски студенти ќе им биде издадена дозвола за престој директно од универзитетите на кои студираат.“

Според тоа сите 115 илјади странски студенти гости во Турција своите дозволи за престој ќе ги земат од универзитетите на кои студираат без да одат во Управата за миграција.

Претседателот Ердоган рече: “Порано на странските студенти гости не им беше издавана дозвола за работа. Наскоро ќе го решиме проблемот за издавање дозвола за работа и за странските студенти и за странските студенти кои дипломирале. Сите странски студенти гости кои ќе дојдат во нашата земја без да чекаат 3 месеци веднаш ќе бидат вклучени во општото здравствено осигурување. Воедно се избришани и каматите за задоцнето плаќање на нашите студенти кои имаа долг за премија за осигурување од порано.“

Нагласувајќи дека се има за цел да биде зголемен бројот на странските студенти, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Во нашата земја има 115 илјади странски студенти гости кои доаѓаат со посредство на програмата Стипендисти на Турција која е институционализирана, како и студенти кои студираат на своја сметка со партиципација. Располагаме со студенти од речиси секоја земја во светот. Имаме за цел бројот на странските студенти гости во нашата земја да го зголемиме на 350 илјади. На тој начин ќе влеземе меѓу 5-те земји кои располагаат со најголем број на странски студенти гости во светот. Тоа е наша цел.“

Извор:ТРТ

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


4 + five =