Амбасадата на САД утре ќе биде префрлена од Тел Авив во Ерусалим и така ќе биде спроведена одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главниот град Израел, усвоен во декември минатата година.

Ерусалим, кој беше заземен пред стотина години од страна на Британците и е столбот на палестинското прашање, се подготвува за еден од најтешките денови во својата историја.

Со свечена церемонија, Американската амбасада официјално ќе биде префрлена во Ерусалим. На овој начин, долгогодишните напори на Израел за јудаизација на градот ќе добијат нова димензија.

Планирано е на програмата која ќе се одржи на денот кој Палестинците го нарекуваат Накба (Голема катастрофа) преку телеконференција да се обрати и американскиот претседател Трамп.

На многу улици во Ерусалим може да се видат пораките “Трум пријател на ционистите”, и “Трамп го прави Ерусалим прекрасен”.

На израелската страна  можно е да се забележи празнично расположение, додека Палестинците изразува големо разочарување.

Палестинците имаат намера утре да организираат мирни протести и уште еднаш да ги изразат своите ставови.

Како започна процесот што Ерусалим го доведе во ваква состојба?

Британската армија, предводена од генералот Едмунд Аленби, го окупирала Ерусалим во 1917 година, а со крајот на османлиската власт во Палестина се отвори патот за реализација на ционистичкиот план за основање на еврејската држава. Истата година, беше објавена Декларацијата Балфур, со која беше предвидено формирање на таа држава.

На крајот на британскиот мандат за Палестина, на 14 мај 1948 година, Дејвид Бен Гурион прогласил дека е основана државата Израел. Палестинците овој ден го нарекуваат Накба и обележуваат како почеток на катастрофа која трае, односно систематски прогон во кој се протерани милиони Палестинци.

Западен Ерусалим бил под власта на Израел, а Источен Ерусалим бил под контрола на Јордан. Израел го окупираше источен Ерусалим во шестдневната војна во 1967 година и оттогаш се обидува да го јудаизира.

Ерусалим, светиот град со три монотеистички религии

Ерусалим се смета за свет град на сите три големи религии.

Самиот статус на Источен Ерусалим е една од најголемите пречки за решавање на израелско-палестинското прашање. На 29 ноември 1947 година, Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која се предвидува поделба на палестинската територија на палестинска и еврејска држава. Според планот на поделбата на ОН од 1947 година, историската област на Палестина да се подели меѓу еврејските и арапските држави, на Ерусалим му беше даден посебен статус и требаше да биде ставен под меѓународен суверенитет и контрола.

Причината за овој посебен статус е заради тоа што Ерусалим е све град на трите големи религии. Сепак, Израел го прогласи Ерусалим како главен град во 1980 година. Советот за безбедност на Обединетите нации,со резолуцијата 478, прогласувањето го нарече неважечко.

Во декември 2017 година, американскиот претседател Доналд Трамп го призна Ерусалим како главен град на Израел. Потоа, уследи поканата од странана земјите-членки на Организацијата за исламска соработка (ОИК) до целиот свет да го признаат Ерусалим за главниот град на Палестина.

Амбасадите на сите земји што го признаваат Израел се наоѓаат во Тел Авив. Сепак, според одлуката на американскиот претседател Трамп, амбасадата на САД ќе биде префрлена во Ерусалим утре.

Влегувањето во град со многугодишна традиција, поради ѕидовите што го опкружуваат градот, е невозможно за речиси три милиони Палестинци кои живеат на Западниот брег. Истиот проблем го имаат два милиона Палестинци кои живеат во Појасот Газа.

За милиони Палестинци, враќањето во Ерусалим е само сон

Пет милиони палестински бегалци од целиот свет немаат можност да го исполнат својот најголем сон, да се вратат во Ерусалим.

Оние кои живеат во градот чии улици денес изгледаат пусто, можат само да ги слушаат спомените на постарите луѓе кои се врзуваат во периодот пред окупацијата.

“Порано жител на Газа во Ерусалим носел јагоди и ги продавал , а жител на Хеброн грозје, а жител на Тулкамам портокали. Ерусалим беше место за средба за сите Палестинци. Особено во петок на Портата Дамаск, која е една од главните влезови во овој антички град, обиколен со ѕидови, и тука можеле да се сретнат  Палестинци од сите делови на земјата. А, денес, и оние на кои им е дозволено да останат избегнуваат собирање пред Вратата Дамаск. Дури и продавниците се затвораат пред самракот. Окупаторските војници во секој агол чекаат подготвени “, се зборови што често се слушнат од постарите лица и јасно ја опишуваат ситуацијата во која денес е Ерусалим.

Бројот на Палестинци кои живеат денес во Источен Ерусалим е едвај над 300.000. Тие се соочуваат со низа опасности и закани, додека губењето на нивниот дом и апсењата се само некои од нив, а одлуката на Трамп само го зголеми гневот и разочарувањето на населението.

Според организацијата за човекови права B’Tselem, Израел од 1967 година ја укина дозволата за престој за 14.000 Палестинци, за кои биле протерани од Источен Ерусалим.

Иако проектите за изградба на еврејски населби во источен Ерусалим се сметаат за нелегални, Израел изгради серија населби од 1967 година за овие луѓе. Само во источен Ерусалим во овие нелегални населби живеат повеќе од 200.000 еврејски имигранти.

На 23 декември 2016 година, Советот за безбедност на Обединетите нации донесе резолуција со која се повикува Израел да ја запре изградбата и проширувањето на окупираната палестинска територија.

Од друга страна, речиси е невозможно Палестинците да добијат дозвола за градба. Постојат неколку илјади “бесправно изградени куќи” на Палестинците, кои можат во секој момент да бидат уништени. Екипите на градската администрација одвреме-навреме организираат уривање на овие куќи, а трошоците мора да бидат платени од страна на Палестинците.

Извор:faktor

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име