Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес ја пофали “храбрата одлука” на американскиот претседател Доналд Трамп да ја премести амбасадата на САД во Израел од Тел Авив во Ерусалим, при дочекувањето на делегација на САД која допатувала во Израел на отварањето на амбасадата.

Нетанјаху во Министерството за надворешни работи на Израел приреди церемонија за американската делегација предводена од ќерката на Трамп, Иванка и нејзиниот сопруг, Џаред Кушнер, двата советници од белата куќа, а церемонијата на отворање на новата амбасада ќе се одржи утре, објави Асошиетед прес.

Палестинците кои го сметаат Ерусалим за свој главен град на својата идна држава, ги прекинаа односите со Белата куќа, лути поради овој потег на САД.

На денешната церемонија не присуствуваа претставници на десетици европски земји, додека Нетанјаху истакнала дека преместувањето на амбасадата е “вистински потег”.

Тој изјавил дека Ерусалим е престолнина на Евреите илјадници години и дека во секој можен мировен договор ќе биде наведен како главен град на Израел.

Американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон, изјави дека преместувањето на амбасадата “ќе го олесни” постигнувањето на мировен договор меѓу Израелците и Палестинците и дека потегот на САД представување “признавање на реалноста”.

“Ако не сте подготвени да признаете дека Ерусалим е главен град на Израел и дека таму треба да биде американска амбасада, тогаш сте на сосема поинаква бранова должина”, изјавил Болтон за ABC телевизијата.

Тој додаде дека “признавањето на реалноста секогаш ги зголемува шансите за мир”.

Извор:vijesti

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име