Откако претходно овој месец се одржаа парламентарните избори во Либан, вчера исто така се оддржаа и во Ирак за првпат по ослободувањето на земјата од присуство на терористи на “Исламската држава”. Овие избори се особено важни, бидејќи тие ќе одлучат за новиот “однос на силите” на Блискиот Исток.

Околу 7.000 кандидати се натпреваруваа за 329 места во 18 провинции, а резултатите се очекува да бидат објавени во рок од 48 часа по затворањето на анкетите. Сепак, се очекува дека преговорите за формирање влада и изборот на премиерот ќе бидат потребни време, бидејќи ниту една партија не може да го има мнозинството.

Парламентарните избори беа одржани во услови на зголемени тензии во регионот поради американската одлука за прекин на меѓународниот нуклеарен договор со Иран. Први гласаа припадници на безбедносните сили кои беа распоредени на избирачките места. Во пресрет на изборите, Ројтерс објави дека премиерот Хајдер Ал-Абади се смета за благ фаворит, меѓутоа далеку од тоа да ги добие изборите.

Ирачката изборна комисија соопшти дека околу 45 отсто од регистрираните гласачи го искористиле правото на глас.

“44,52 отсто од гласачите учествуваа на парламентарните избори во земјата”, соопшти канал Ал-Сумарија цитирајќи ја Ирачката изборна комисија.

Вкупниот билтен изнесува 10,7 милиони луѓе, додека Ирак има 24,5 милиони регистрирани гласачи. Сепак, треба да се земат предвид лицата раселени во текот на изминатите четири години и општата безбедносна ситуација во земјата.

Немаше сериозни инциденти, иако некои медиуми објавија дека безбедносните сили спречија неколку напади на избирачките места кои имале намера да ги спроведат преостанатите терористи на “Исламската држава”. За безбедноста на гласачите, беа мобилизирани околу милион безбедносни служби и беа воведени посебни безбедносни мерки.

Изборите беа надгледувани од повеќе од 900 странски и 7.000 локални набљудувачи, стотици странски и ирачки новинари и претставници на 20 меѓународни организации.

Победа на про-иранските партии?

Haider al-Abadi

ФОТО: Хајдер ал-Абади

Западните медиуми се претпазливи со презентација на прелиминарните резултати од изборите. Сепак, постојат индикации за многу непријатни изненадувања за западните канцеларии. Имено, после големата пожртвуваност на силите на Шиитите Хашд ал Шааби во борбата против тероризмот, на западот на Ирак биле забележани случаи сунитски кандидати да се појават на листата на коалицијата Шиит Наср предводена од премиерот Ал-Абади.

Ирачките вести известуваат дека ова е добар знак, бидејќи укажува на сè послаб тренд во секташките поделби. На пример, Абу Ал-Таиб, сунитски кандидат на изборите во Фалуџа, се пријави на листата на коалицијата Наср на Хајдер Ал-Абади. “Покрај тоа, ова е првпат традиционалната шиитска партија да има кандидати во претежно-доминантните сунитските провинции, што укажува на тоа дека секташките тензии и рани полека почнуваат се намалуваат. Го прашав директно зошто сунити од Фалуџа на изборите би подржале кандидат на шиитска партија?  Ал-Таиб изјавил дека тие сакаат “да ги решат секташките поделби”. Ми рече дека се приклучи на коалицијата Наср од две основни причини. Прво, да се разбие перцепцијата на секташката поделба во ирачката политика, и второ, “Наср” беше единствената коалиција што ги номинираше кандидатите во секоја провинција во Ирак и ги претставуваше сите етнички етнички групи. Тој рече дека е мотивиран од улогата на премиерот и неговата партија во промовирањето на идејата дека Ирачаните имаат многу повеќе заеднички отколку што мислат другите. Охрабрен од единство и активизам, Ал-Таиб е дел од новата генерација Ирачани кои сакаат да изградат подобар Ирак “, објави ирачкиот весник Амир Абдалах.

Ова утро телевизијата Ал-Сумарија објави дека коалицијата на премиерот Хајдер Ал-Абади “Наср” според прелиминарните резултати води, а голем број гласови д обило политичкото крило на шиитскиот хашд ал-Шаиби, партијата Фатах, предводена од воениот командант Хади Ал-Амири.Добар успех остварила и партијата на шиитскиот свештеник Моктад Ал Садр, повеќе од поранешниот премиер Нуриах ал Малики.

Ал-Сумарија јавува, дека според прелиминарните резултати од гласањето, ако не се случи радикален пресврт, новата влада би можела да се формира после националниот празник Еид Ал-Фитр, кој оваа година се слави на 15-ти јуни.

Новата влада најверојатно ќе биде уште поблизу до Иран, како што е случајот со Либан во кои на неодамнешните избори победи Хезболах, а, Партијата на иднината на Саад Харири доживеа еден од најголемите порази и веројатно нема да му биде потврден мандат.

Потсетиме дека Хезболах во сојуз со движењето Амал доби 30 места, нивните сојузници од разни сунитски и шиитски фракции и ССНП добија 13 места, движењето Марада 3 и Христијанското слободно патриотско движење на претседателот Ауна 28 места.

Просаудискиот блок, кој го сочинуваат Партијата на иднината на Саад Харири, доби вкупно 53 места.

Објавувањето на конечните резултати од парламентарните избори во Ирак би можело да се затвори кругот и “Оска на отпорот” предводена од Иран ќе има политички легитимитет добиен на слободни и повеќепартиски избори признаени од меѓународните набљудувачи.

 

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име