indija nevreme

Уште едно песочно невреме во Индија, 157 загинати

Силна песочна бура ја погоди Индија, при што животот го загунија 23 лица, а повеќе од 40 биле повредени. Со тоа бројот на жртви во слични временски непогоди се зголеми на 157.

Невремето проследена со брзина на ветерот до 70 километри на час, овој пат уништи десетици домови и откорнувала дрва и далноводи во областа Утар Прадеш, северна Индија, пренесуваат властите.

Во различни делови од државата загинале најмалку девет лица, а 23 беа повредени.

Две лица биле настрадале во главниот град на Њу Делхи, а 18 биле повредени, пренесува агенцијата ПТИ.

Бурата ги зафати  западните и јужните делови на Индија.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


seven − 3 =