gaza

Бројот на убиени Палестинци зголемен на 62, ранети 3.188 лица

Бројот на смртно настраданите Палестинци за време на протестите на границата во Газа се зголеми на 62, вклучувајќи и осум малолетни деца, потврди Министерството за здравство на Палестина.

Од палестинското Министерство истакнаа дека меѓу смртно настраданите се наоѓаат и осум смртно настрадани малолетници.Тие додадоа дека за време на протестот од вчера, ранети се вкупно 3.188 лица, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.

Илјадници Палестинци се собраа во понеделникот на границата во Газа, во знак на протест поради израелската окупација и американското преместување на амбасадата во Тел Авив во Ерусалим.

Израелските сили на безбедност со употреба на сила и огнено оружје се обиделе да ги спречат протетсите кои продолжија и денес.Во осудите кои доаѓаат од светот наведено е дека дека прекумерната сила е неприфатлива во случај на мирни протести какви што Палестинците ги организираат на 70-годишнината од Накба или масовниот прогон на тој народ.

извор:(Vijesti / AA)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


five − = 2