on

САД го спречи покренувањето на истрага за Израелските насилства над Палестинците во Газа

Соединетите Американски Држави го спречија Советот за безбедност на Обединетите нации да покрене истрага за насилството и употребата на огнено оружје од страна на израелски сили на границата со Газа, објави Анадолија. Непостојаната членка на Советот за безбедност, Кувајт, доцна синоќа предложи да се донесе (усвои)одлука за спроведување истрага за насилството во кое Израелските сили убија најмалку 62 палестински демонстранти во Газа.

Идејата на предлагачот беше Советот за безбедност да изрази јавна гриженост и започне транспарентна и независна истрага за вчерашните настани.

Предлогот беше одбиен заради противеење на САД како постојан членка на Советот за безбедност на ОН. Ова е третпат во изминатиот месец САД го блокираа започнувањето на истрагата за израелската употреба на сила врз палестинските демонстранти.

Во исто време, по предлог на Кувајт, Советот за безбедност ќе одржи вонредна седница за одржување дебата за насилството на Блискиот Исток.

Извештајот за ситуацијата на теренот ќе го достави до Советот од страна на специјалниот координатор за мировниот процес во тој регион, Николај Младенов.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− two = 5