ZAEV-cipras

Заев и Ципрас утврдија една опција за решение

Премиерот Зоран Заев соопшти дека на денешната средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас го потврдиле напредокот што го постигнале министрите за  надворешни работи и утврдиле опција која би била прифатлива за двете страни.

Но како што рече Заев, тоа го утврдиле тој и Ципрас, а за конечно решение треба да одлучат институциите во двете држави.

-Суштествено разговараме и разгледавме неколку опции, една од опциите е прифалива и за двете дстрани. Продолжуваме дома со констултаци со институциите, и ако е возможно тоа, веројатно ќе имаме решение. После сето тоа што беше постигнато, потврдивме дека стоиме како премиери.  За тоа што беше останато разгледавме неколку опции и утврдивме една опција. Но мора да внимаваме како тоа ќе биде спроведено. Ќе разговараме со претседателите на државите и другите лидери, и со опозицијата, изјави Заев на прес конференцијата во Софија.

Тој рече дека би сакал решението да го имаме сега, но доколку тоа биде одложено, разговорите ќе продолжат.

-Ако нема решение ќе биде одложена одлуката на ЕУ, но пријателството останува и тоа ќе расте. Би било убаво тоа решение што е прифатливо и за двете страние да биде упште сега, имајќи ги предвид состанокот на Европскиот совет во јуни и НАТО самитот во јули. Тоа е нашата желба, но ако е возможно. Ако не е возможно, ќе продолжиме со барање на решение. Многу е решено, имаме и опција која би можела да биде прифатлива за двете страни. И ако тоа во земјите внатрешно е потврдено, би било и официјализирано, рече Заев.

Според Заев, заробената држава и спорот со името биле тегоби во државата, со кои денеска успешно се справува владата.

-Макрон и Меркел даваат поддршка за зајакнување на односите на Македонија и Европската Унија. Сите ни ја даваат безрезервната поддршка и ни даваат признание за постигнатото. Членството на Македонија во ЕУ гарантира силни институции и правна држава, како и зголемен економски развој, рече Заев кој додаде дека проширувањето на Унијата и обезбедување на нашето столче таму е реалност која е на дофат.

Извор:НоваТВ




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


eight − 6 =