cavusoglu

Турција бара од ОН да го осуди израелското насилство врз Палестинците

Турција бара од Генералното собрание на ОН да усвои резолуција за Ерусалим, изјави турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, додека расте гневот заради убиствата на Палестинците во Газа.

Во изјавата за ТРТ Хабер, Чавушоглу изјавил дека независна комисија треба да одреди извештај за насилствата во Газа и дека Израел мора да се соочи со правните последици од насилството, објави агенција Ројтерс.

Израелските војници убија повеќе од 60 Палестинци за време на демонстрациите во понеделникот, протестирајќи против окупацијата и отворањето на американската амбасада во Ерусалим.

Извор:(Vijesti / ФЕНА)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


seven − = 4