erdogan-putin

Срамотно е што Палестинците се исложени на насилство пред очите на целиот свет

Претседателите на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган и Русија Владимир Путин разговарале пои телефон за најновите случувања во Газа. Како се соопштува од канцеларијата на турскиот претседател, Ердоган и Путин разговарале за преместувањето на американската амбасада во Ерусалим, како и за нападите на израелските полицајци врз палестинските демонстранти во Газа .

За време на разговорите, Ердоган во текот на разговорите истакнал дека е крајно непријатно што Палестинците биле изложени на брутални напади пред очите на целиот свет.

Двајцата претседатели исто така разговарале и за вонредниот самит на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ), кој ќе се одржи во Истанбул на 18-ти мај, каде ќе се разговата околу последните случувања во Газа.

(Vijesti. / AA)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


4 × = twenty four