Палестинската унија за новинари (ПЈС) во четвртокот одлучи да формира комисија која ќе поднесе тужба против Израел пред Меѓународниот кривичен суд (ИЦЦ) и другите европски судови. Комисијата ќе биде одговорна за подготвување и собирање на документи кои ја докажуваат личната одговорност на израелските поединци и институции за криминал извршени против палестинските новинари во Појасот Газа и на Западниот Брег.

На вонредна седница на состанокот на Меѓународната асоцијација на новинари (IFJ) во кинескиот Тајпеј, Генералниот секретаријат ги повика палестинските новинари и институции да бидат дел од напорите за документирање на израелските злосторства против палестинските новинари.

 Се очекува во рамките на актуелните напори на сраветлување на изралексите злосторства над новинарите во Палестина, ПСЈ да присуствува на состанокот на Асоцијацијата на европски новинари во Шпанија, на регионалниот состанок на синдикатите на Блискиот Исток во Либан и на состанокот на синдикатите во Грција, во рамките на тековните напори за осветлување на израелските злосторства извршени врз новинарите во Палестина.

“Ова се значајни платформи што ќе ги потенцираат кршењата на човековите права и злосторствата извршени врз палестинските новинари и ќе ја зајакнат меѓународната поддршка за напорите на ПЈС”, се вели во соопштението на синдикатот.

ПЈС ја повтори осудата на ограничувањата што им беа наметнати на палестинските новинари на Западниот Брег и појасот Газа, вклучувајќи ја и забраната за влез во Ерусалимската на ПЈС, со цел да го посети ранетиот новинар Јасер Кдеих, кој беше убиен додека извезтуваше протести во Газа.

Израелските вооружени сили ги убија новинарите Јасер Мурта и Ахмад Абу Хусеин од почетокот на оваа година, додека известуваа за протестите во појасот Газа и ранија 90 други, објавува палестинската новинска агенција Вафа.

Извор:(Vijesti / ФЕНА)

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име