provokacija

НОВА ПРОВОКАЦИЈА: Герт Вилдерс планира натпревар со карикатури за Пратеникот Мухаммед а.с.

Лидерот на радикалната десничарска и евроскептичка холандска Слободарска партија (ПИВ), Герт Вилдерс, повторно ги провоцира муслиманите изјавувајќи дека во зградата на парламентот ќе се оддржи натпреварување на карикатури за  “Пратеникот Мухамед а.с.”.

- Слободата на мислата е загрозена, особено против исламот. Ние никогаш не можеме да го прифатиме тоа. Заради тоа со светски познатиот  Бош Фустин оваа година во Претставничкиот дом  ќе оддржиме натпреварување со карикатури на тема Мухаммед – напишал Вилдерс на социјални мрежи.

Поедини холандски медиуми пишуваат дека Вилдерс на овој начин би можел да го искористи правото кое го имаат пратениците еднаш годишно да организираат одредена активност.

Холандскиот пратеник од турското потекло Тунахан Кузу изјавил за Анадолија дека Вилдерс сака да ги испровоцира муслиманите, посебно во месец Рамадан.

- И самиот тој знае дека ова е провокативен чин кој искажува омраза, со што се сака да се испровоцираат муслиманите во оваа земја. Сепак, муслиманите кои живеат во Холандија се свесни дека ова е провокација. Вие не треба да се впуштате во лошите игри на луѓе како Вилдерс кои чувствуваат омраза кон муслиманите “, изјавил Кузу.

Тој додаде дека Вилдерс претходно направил слични провокации и ги навредил муслиманите.

Портпаролката на Холандскиот парламент, Ана Кодеде, изјави дека сé уште не добиле барање за одржување на наведената активност.

Извор: Фактор/Анадолија




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− 2 = seven