Палестинскиот министер за надворешни работи, Ријад ал Малики, денес предложи арапските земји да повлечат амбасадорите од САД, како одговор на преселувањето на Амбасадата во Ерусалим.

“Нема да има никаква штета по арапските земји ако колективно ги повлечат своите амбасадори од Вашингтон во нивните главн градови на консултации”, изјавил Малики на состанокот на Арапската лига во Каиро.

Малики, исто така, истакнал дека членовите на Арапската лига, чии министри за надворешни работи се собраа денеска во Каиро на вонреден состанок за да разговараат за палестинското прашање, треба да ги поканат амбасадорите на САД “како би ги потсетиле на арапското одбивање за преселувањето на Американската амбасада во Ерусалим”.

Тој изјавил дека арапските држави се согласија на претходните состаноци дека треба да ги прекинат врските со секоја земја што ќе ја пренесува својата амбасада во Ерусалим, објави Ројтерс.

Извор: Фена

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име