1

Турскиот универзитет Ахи Евран во Киршехир реакциите против САД и Израел ги објави на шест јазици

Сенатот на турскиот универзитет Ахи Евран во Киршехир реакциите против пренесувањето на Амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим како и израелскиот масакр врз Палестинците кои одржаа протести против овој настан ги објави на шест јазици.

Во соопштението кое беше објавено на официјалната веб страница на универзитетот Ахи Евран беше истакнато дека под претседателство на ректорот проф. Д-р Ватан Каракај, Сенатот на универзитетот одржа седница во знак на протест на израелскиот масакр врз Палестинците.

Во соопштението беше истакнато дека универзитетот не остана индиферентен наспроти израелскиот масакр врз палестинскиот народ и дека сенатот, реакцијата освен на турски, ја објави на англиски, арапски, германски, француски и хебрејски јазик.

Во соопштението беше објавена и одлуката на Сенатот во која се истакнува дека САД ги занемари меѓународното право, резолуциите на ОН, историските и социјални вистини, дека со усвојувањето на одлуката за пренесување на амбасадата во Ерусалим предизвика дестабилизација и хаос на Блискиот Исток, а исто така беше подвлечено дека терористичката држава Израел изврши масакр.

Извор:ТРТ




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


two × 1 =