Европската унија има намера да премине од долар во евро прил плаќањето за испорака на иранската нафта, објави руската агенција РИА Новости во средата, 16 мај, повикувајќи се на дипломатски извор во Брисел.

Двете страни работат на продолжување на трговијата со нафта, гас и нафтени продукти; ефективните банкарски трансакции, продолжувањето на соработката со Иран во сферата на воздушниот, поморскиот и копнениот транспорт, како и обезбедувањето кредитни аранжмани. Планирани се практични решенија во текот на следните недели.

На 19 и 20 мај, европскиот комесар за енергија и клима Мигел Ариас Канети ќе го посети Иран. Според изјавата на Европската комисија, целта на посетата е “да се разгледа соработката меѓу Иран и Европската унија во енергетската сфера” во рамките на придржувањето на ЕК кон договорот за нуклеарната програма на Иран.

Потсетуваме: вчера по состанокот со иранската делегација предводена од шефот на дипломатијата на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, изјави дека “евротројката” – Обединетото Кралство, Франција и Германија – дале силна поддршка на нуклеарниот договор со Иран и дека тие се согласија со таа земја да развијат програма за поддршка и зајакнување на економските врски како одговор на повлекувањето на САД од Договорот.

Контактот ќе се интензивира на сите нивоа за развој на врски во сферата на економијата и ќе започнат стручни консултации, изјавила Могерини по разговорите во Брисел. Таа, исто така, изрази жалење поради унилатералното повлекување на САД од Договорот и изјави дека ЕУ признава дека укинувањето на санкциите поврзани со нуклеарната програма и нормализирањето на трговските и економските односи со Иран е основен дел од Спогодбата.

Извор:geopolitika

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име