moller-maersk-848x478

Заради санкциите на САД, Данска мега компанија го напушта бизнисот со Иран

Најголемата контејнерска компанија за контејнерски превоз во светот, Молер-Маерск, објави дека планира “да стави крај на бизнисот со Иран” под закана од американските санкции. За ова, во разговор за Ројтерс, го изјавил шефот на компанијата, Сорен Скоу.

“Со санкции, кои ги шират Американците, вие не можете да работите во Иран, ако сакате да ги зачувате своите бизниси во САД”, изјавил Скоу. “Тешко ми е да ги кажам прецизните рокови, но убеден сум дека се движиме кон затворање на бизнисот (со Иран)”, изјавил лидерот на Молер-Маерск.

Потсетуваме: Европската Унија ја изрази својата подготвеност во случај на нужда да го примени т.н. ” блокирачки закон за заштита на европските компании доколку американската администрација ги обнови санкциите против Иран. Тоа во средата, 16-ти. мај, го изјавил комесарот за внатрешни работи на ЕУ, Димитрис Аврамопулос. Тој изјавил дека Европската комисија претходно разговарала за начинот на зачувување на иранскиот нуклеарен договор по унилатералното повлекување на САД.

Европската комисија само еднаш во историјата го применуваше тој закон – во ноември 1996 година, како одговор на екстеритеријалните санкции на САД против Куба. Оваа мерка им овозможува на европските компании да бидат некомпатибилни со одлуките на Вашингтон во врска санкциите. Покрај тоа, компаниите можат да добијат надоместок за причинета штета.

Очигледно, “жешката” трговска санкциска игра на два трансатлантските сојузници постепено влегува во кулминирачка фаза и еден вид “игра на нерви“ со голем број пропагандни потези и блефови од двете страни. Во секој случај, ние нема да мораме долго да чекаме да го најдеме конечниот исход од овој конфликт, пред се незгоден по нинтересите на Европската унија. Се работи за недели, најповеќе месеци, со оглед дека  САД сакаат да започнат нов бран контра-санкции на 4-ти ноември, што ќе се прошири и на оние компании и земји кои ќе соработуваат со Иран по сектори, компании или поединци кои ќе бидат засегнати од санкциите.

Извор:geopolitika




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


9 + = fifteen