Портпаролката на Пентагон, Дана Вајт, коментирајќи го масакрот на израелските безбедносни сили над Палестинците во појасот Газа, истакнала дека Израел има право да се брани: “Израел има право да се брани, затоа внимателно ќе ја следиме ситуацијата во регионот, ама и нашите амбасади во светот”, изјавила Вајт на неделната конференција за печат во Вашингтон.

Таа додаде дека во изминатите денови бројот на безбедносните сили во амбасадите на САД е зголемен.

Запрашана дали дали го оправдува масакрот, таа повтори дека Израел има право да ги заштити своите граници.

Илјадници Палестинци се собраа во понеделникот на границата во Газа, во знак на протест поради израелската окупација и американското преместување на Амбасадата на Тел Авив во Ерусалим.

Израелските безбедносни сили се обидоа да ги спречат протестите што продолжија во вторникот, користејќи сила и огнено оружје. 62 Палестинци загинаа, а најмалку 3.000 беа повредени.

Во осудите што доаѓаат од светот, меѓу другото, се вели дека прекумерната сила е неприфатлива во случај на мирни протести што Палестинците ги организираат на 70-годишнината од Накба, односно нивниот масовен прогон.

Извор:(Vijesti / AA)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here