До последното место беше исполнето во олимписката сала Хуан Антонио Самаранч, која собра околу 15.000 луѓе, каде со овации беше поздравено доаѓањето на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Ердоган, заедно со звуците на песните посветени на него, во салата влезе придружуван од сопругата Емине, претседателот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, и неговата сопруга, Себија.

Како дел од работната посета на БиХ, Ердоган се обрати на 6-тиот Конгрес на Сојузот на европско-турските демократи (УЕТД). Претходно тој оствари средба со Изетбеговиќ во Претседателството на БиХ и го посети комплексот Шехидското мезарје(гробишта) Ковачи.

Извор:faktor

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име