Шведската влада денес презентираше брошура која граѓаните треба да ги подготви за евентуална војна, природна катастрофа или сајбер-напад.

Брошурата е објавена за време на растечките тензии меѓу Русија и западните сојузници. Под наслов “Ако дојде до криза или војна”, брошурата на 13 јазици дава совети за наоѓање засолниште, чување храна и сигурни извори на информации. Таа ќе биде испратено на адресите до 4,8 милиони Швеѓани од 28 мај до 3 јуни, објави АФП.

“Иако Шведска е побезбедна од многу други земји, постои закана”, изјавил Дан Елиасон, шеф на шведската цивилна заштита, кој е издавач на брошурата.

Последен пат слична брошура беше објавена во 1961 година за време на Студената војна.

Извор:faktor

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име