Предлогот за реконструкција на Владата е доставен до  Собранието. Во владиниот состав ќе влезе и партијата Беса на Африм Гаши која  го доби министерството за култура и ДПА на Мендух Тачи со две позиции во Владата.

БЕСА на Гаши го номинира Асаф Адеми за нов министер за култура. Адеми е поранешен амбасадор во Данска како и кандидат за градоначалник на Гостивар од БЕСА.

Адеми во моментот е генерален директор на данска компанија.

ДПА ги предложи Бардиљ Даути, за министер без ресор задолжен за странски инвестиции, кој доаѓа на местото на Рамиз Мерко кој е избран за градоначалник на Струга.

Но освен што во Владата ќе влезат нови имиња, ќе има и рокади. Актуелната министерка за образование Рената Дескоска ќе биде прв човек во Министерството за правда, кое остана празно по оставката на Билен Салији. На чело на образование ќе биде предложен Арбер Адеми, актуелен заменик министер за образование, кој во 2016-2017 година беше вицепремиер за европски прашања.

Заменик министер за надворешни работи ќе биде Андреј Жерновски кој премина во редовите на СДСМ. Досега заменик министер за надворешни работи беше Арта Точи која е член на Алијансата на Албанците.

Досегашниот заменик министер во здравството Гоце Чакаровски ја напушта функцијата и на негово место се предлага да биде избран Асим Муса, кадар на ДУИ. Заменик министер во транспорт ќе биде кадар на ДПА Сабдик Беќири, а во труд и социјална политика за заменик министер се предлага  Џонул Бајрактар – од партијата на Турците.

 Извор:НоваТВ

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име