Израелскиот министер за енергетика Јувал Стајниц ја нападна Европската унија порачувајќи й да “оди во пеколот” заради нејзините повици да се испита бруталноста на израелската полиција врз израелските Арапи.

Само две недели порано, Стајниц ги пофали односите на Израел со ЕУ за време на прославата на Денот на Европа на 9-ти мај, во резиденцијата на амбасадорот на ЕУ во Израел.

Во вторникот ЕУ ја осуди израелската акција против израелските Арапи во Хаифа кога голем број луѓе беа убиени на границата во Газа, објави израелскиот весник Хаарец.

Изјавата на ЕУ соопшти дека исто така е важно за израелската влада да спроведе брза истрага за околностите на минатонеделниот настан Хаифа, што доведе до сериозно повредување на Џафар Фарах, шеф на невладината организација Мосава, која ги претставувала арапските граѓани во Израел.

“Нека одат во пеколот”, рекол Стајниц за локалното радио, додавајќи дека ЕУ е лицемерна.

“ЕУ сега му се улижува на Иран и ќе му помогне (Техеран) против американските сили”, изјавил израелскиот министер за енергија.

Тој се пожали дека ЕУ го вознемирува Израел, додека Иран, како што рече, “извршува егзекуции, мачи хомосексуалци, ги прекршува првата на жената, го поддржува тероризмот и (Башар ал Асад) кој користи хемиско оружје против сопствениот народ.

Извор:cdm

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име