ПАРИЗ (АА) – Меѓународниот совет за рамноправност, правда и мир (COJEP) реагираше на овонеделното издание на француското списание „Le Point“ (Ле Поинт), во кое се изнесени голем број неосновани тврдења на сметка на Турција, на претседателот на земјата, Реџеп Таип Ердоган, како и за лица и организации со потекло од Турција кои делуваат во Франција, јавува Anadolu Agency (AA).

Меѓународниот совет објави соопштение по повод текстот кој е објавен во изданието на француското списание од 24 мај.

„Во изданието на „Le Point“ од 24 мај на мета беа невладините организации кои делуваат во Франција, што ги претставуваат различните култури“, се наведува во соопштението, а меѓу тие организации се COJEP, Media Turk TV, Media France TV и Medya Turk Info“.

Се наведува дека списанието, освен загриженост во контекст на новинарството и етиката, повеќе настојува да создаде различна перцепција, да ја доведе јавноста во заблуда и да ги зголеми предрасудите кон различните култури во Франција.

„Текстот е пример за неодговорно и непријателско новинарство чија содржина нема никаква врска со вистината. „Le Point“ со ова издание настојува да ги замолчи, да ги доведе во заблуда и да ги маргинализира различните култури во Франција“, се вели во соопштението.

Исто така, истакнато е дека со овој текст свесно се настојува да се сатанизира и обесчести турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, и констатирано е дека „Le Point“ со тоа покажува дека веќе не е списание, туку оперативна алатка. Нагласено е дека во последно време турскиот претседател Ердоган преку шпекулативни насловни страни често беше мета на западните медиуми.

Во соопштението на COJEP, Ердоган е спореден со Нелсон Мандела, јужноафриканскиот лидер и човекот кој се бореше против тамошниот апартхејд и се истакнува:

„Ердоган е Нелсон Мандела на 21 век. Колку и да сакаат да му нанесат штета со своите публикации, тој сигурно еден ден ќе биде победник. Тој даде поддршка за Ерусалим, за светиот град на трите религии. Тој прими 3,5 милиони бегалци, Курди, Арапи, Туркмени, Сиријци. Тој упати повик до целиот свет дека е потребно да се промени структурата на Советот за безбедност на ОН, со пораката дека светот е поголем од пет земји. Затоа, како можете да го нарекувате диктатор човекот кој е борец за правда?“.

Од Меѓународниот совет за рамноправност, правда и мир (COJEP) порачаа дека припадниците на различните култури низ Европа, а првенствено во Франција, го гледаат Ердоган како Нелсон Мандела на овој век. Упатија повик до „Le Point“ за одговорно известување, како и да упати извинување до наведените невладини организации.

 

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име