Полицијата во Париз објави дека уапсила двајца работници на комунална служба заради тоа што сакале да истурат ѓубре пред седиштето на партијата на Емануел Макрон.

Како што е потврдено, двајцата украле камион за собирање на ѓубре за да ги остварат своите намери.

Неименуван полициски претставник изјави дека двајца мажи биле спречени пред да ја реализираат нивната идеја, објави АП.

На снимките што се појавија на социјалните мрежи, се гледаат полицајци во панцири кои впериле оружје спрема уапсените.

Француските медиуми објавија дека двајцата мажи се членови на синдикат, а камионот бил украден од нивните колеги од работа.

Камионот бил пронајден бидејќи сите комунални камиони имаат вградена опрема за следење.

Извор:cdm

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име