Милијардерот и сопственикот на Челзи, Роман Абрамович ќе станe Израелчанец. Како пренесува “Ерусалим пост”, сопственикот на лондонскиот тим емигрирал во Израел во четвртокот.

Оваа одлука доаѓа откако неговата виза за претстој е истечена во Велика Британија, што може да биде главната причина за неговото заминување во Израел.

Медиумите известуваат дека по инцидентот со Сергеј Скрипал, тензиите меѓу Велика Британија и Русија се зголемија, што го принуди милијардерот да го забрзаат процесот за преселба во Израел.

Инаку, богатството на Абрамович се проценува на 9,1 милијарда долари, а во минатото честопати го посетувал Израел.

Извор:globalcir

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име