Ученик вооружен со два пиштоли отворил оган во средно училиште во Индијанаполис во петокот и ранил еден ученик и еден наставник пред да биде совладан, објавија американските медиуми. Итан Стонебракер изјави дека веројатно би имало уште повредени доколку еден наставник не го совладал напаѓачот кој го извадил пиштолот и отворил оган додека оддлението пишувало тест.

“Нашиот наставник по природните науки веднаш скокна на него, му го зеде пиштолот и го удри”, изјавил Стонбрахер. “Да не беше тој, сигурно ќе имаше повеќе повредени”, истакнал тој.

Нападот врз училиштето во Noblesville West се случил околу 9 часот наутро, изјави шефот на полицијата, Кевин Џовит, на прес-конференција. Тој додаде дека напаѓачот побарал да го напушти училиштето, а потоа се вратил вооружен.

Ситуацијата беше решена исклучително брзо, додаде тој.

Не е познато колку се сериозни повредите на повредениот ученик и учител.

Извор:(Vijesti / Хина)

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име