Прашањата се добро дефинирани, се стесни опсегот, но се уште немаме решение, изјави медијаторот Метју Нимиц, по денешната средба со министерте за надворешни работи на Македонија и на Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас во седиштето на ОН во Њујорк.

-Имавме средби вчера и денеска имавме разговори со министрите, и можам да кажам дека ова беа работни средби, прашањата се добро дефинирани, нивниот опсег е стеснет, но немаме конечно решение на прашањето. Сепак, двете страни  се определени да направат доволно за да се обидат да пристигат решение и напорно работатат на тоа.

Нимиц соопшти дека двајцата министри ќе одат во Брисел каде ќе го продолжат дијалогот, но истакна дека разговорите се значајно интензивирани.

-Двете страни имаат важни позиции, во прашање се државни интереси, но исто така тие го сфаќаат значањето од постигнување решение и се определни да го направат тоа и напорно работат на тоа, изјави Нимиц.

На прашањето, дали ќе се сретне со премиерите на Македонија и Грција, Нимиц кусо реше дека министрите често разговараат, а премиерите добро се познаваат и се надева оти ќе успеат да најдат решение.

Извор:НоваТВ

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име