Сопругата на бегалецот на ФЕТО, Адил Оксуз, едно од клучните имиња во истрагата за обидот за државен удар во Турција на 15 јули 2016 година, Ајнур Оксуз е снимена пред својата куќа во Њу Џерси, Соединетите Американски Држави (САД), јавува Anadolu Agency (AA).

Адил Оксуз беше едно од клучните имиња на обидот за пуч во Турција пред две години. Во рамките на структурата на терористичката организација, познат е и како „имам на ФЕТО во воздухопловните сили“. Се смета за десна рака на Фетула Ѓулен и втор човек во оваа терористичка организација.

Сопругата на Адил Оксуз, откако припадниците на терористичката организација ФЕТО се инфилтрираа во редовите на Турската војска, во обид да извршат државен удар, се отсели од Турција и живее во куќата на својот брат Абдулхади Јилдирим, исто така, член на ФЕТО.

Според снимките на АА, може да се види дека припадниците на ФЕТО во САД, според возилата и домовите, живеат луксузен живот, што е дел од стратегијата на ФЕТО, со цел да им заживее надежта и да не дозволат целосно да се сруши структурата на терористичката организација. Квартот Риџфилд, во кој е снимена Ајнур Оксуз, е еден од најлуксузните и најбезбедните во Њу Џерси.

Куќата на авенијата Кларк, со приближна вредност од околу половина милион долари, не е сè што поседува братот на сопругата на Оксуз. Пред објектот се паркирани три луксузни автомобили.

– Бегалцот на ФЕТО, Адил Оксуз, се крие во Берлин –

Адил Оксуз се крие во куќа на терористичката организација ФЕТО во Берлин.

Според дојавното писмо кое го доби новинарот на АА, Адил Оксуз се крие на адресата „Friedelstr“, 48, 12047, во берлинскиот округ Неуколин, поточно во стан заведен на име С. Јашар.

Новинарите на АА дојдоа до наведената адреса во квартот кој е населен претежно со странци. Во зградата имаше стан под името Јашар, но по ѕвонењето никој не ја отвори вратата.

Станарите Германци во оваа зграда кажаа дека не познаваат никого со име Јашар.

Она што е интересно е тоа што станува збор за стан кој нема поглед на улицата, туку само на задниот дел на зградата, па затоа од улицата е невозможно да се забележи.

– Али А., клучното име кое го крие Оксуз –

Според информациите до кои дојде новинарот на АА, клучното име што го крие Оксуз во Берлин е Али А., еден од влијателните членови на терористичката организација ФЕТО.

Али А., инаку сопственик на голем број недвижнини во главниот град на Германија, по обидот за државен удар на 15 јули 2016 година во Турција, организираше илегално преминување на голем број припадници на ФЕТО од Турција во Германија, но и во другите европски земји.

Изјавите на очевидците се во насока дека Али А., во куќата на сопственикот С. Јашар крие припадници на терористичката организација ФЕТО. Освен тоа, се наведува дека Оксуз, со помош на Али А. непречено се движи во Германија.

Освен што им помага на бегалците на ФЕТО, Али А. одржува и контакти со терористичките структури во Полска и во Киргистан.

Бегалците на ФЕТО кои од Турција преминаа во земјите на источниот блок, потоа почнаа да доаѓаат во Берлин, кој стана своевиден собирен центар за бегалците на ФЕТО.

– Структурите на ФЕТО во Германија –

Германија е европска земја во која терористичката организација ФЕТО има формирано една од најразвиените структури, а во оваа земја дејствува низ невладини организации, компании и интернет-портали.

Бројни стопанственици поврзани со ФЕТО во Германија, првенствено во Берлин, по обидот за пуч на 15 јули 2016 година ги променија имињата на своите фирми.

Со оглед на тоа што потешко пронаоѓаа ученици за своите образовни установи, структурите на ФЕТО во Германија паднаа во финансиска криза, по што започнаа да продаваат одредени школски установи или да им ги изнајмуваат на германските институции за згрижување на сириските бегалци.

Структурите на ФЕТО во Германија настојуваат на секој начин да пружат поддршка на бројни припадници на организацијата, кои по обидот за пуч бегаат од Турција и од другите делови на светот. Се дознава дека структурите на ФЕТО во Германија штитат и им пружаат поддршка на најмалку 4.000 бегалци.