Припадниците на терористичката организација ФЕТО, кои престојуваат во американската држава Њу Џерси користат црква како место за своите состаноци, дознава Anadolu Agency (AA).

Екипата на АА ги сними припадниците на ФЕТО кои секоја вечер се состануваат во градот Клифсајд Парк, во Њу Џерси.

Иако од квартот во кој престојуваат припадниците на ФЕТО, на околу 10 минути пешачење се наоѓа џамија и културен центар на тамошната турска заедница, тие за своите средби ја користат локалната бискупска црква „Тринити“.

Припадниците на ФЕТО се снимени додека ги паркираат автомобилите на паркингот од црквата. Потоа сами ја отклучуваат вратата од црквата и се состануваат во централниот дел од црквата кој е наменет за одржување миси.

Она што, исто така го забележа екипата на АА е дека еден од припадниците на ФЕТО, по доаѓањето до вратата на црквата, ги поздравува останатите со воен поздрав. Разговорот на припадниците на ФЕТО во црквата делумно можеше да се слушне и надвор од неа, а на снимките на екипата на АА може да се види како по состанокот ги гасат светлата во црквата и заминуваат.

ФЕТО од порано имаше многу цврсти врски со претставниците на црквата во Њу Џерси, која ја користат за свои собири. На интернет-страницата на една од главните организации на ФЕТО во САД, Турскиот културен центар, се наоѓаат информации и фотографии во врска со посетите на оваа црква, во која влегле многу припадници на ФЕТО.

На состанокот во црквата присуствуваше Јуксел Алп Асландоган, кој се наоѓа на чело на покровителската организација ФЕТО во САД „Alliance for Shared Values“. Асландоган живее во подрачјето на Форет Ли во Њу Џерси, а вилата во која престојува чини околу 540.000 долари.

Терористичката организација ФЕТО ги собра сите здруженија, институции и организации во САД, под чадорот на институциите „Alliance for Shared Values“ во Њујорк и „Turkic American Alliance“ во Вашингтон. Работите на „Alliance for Shared Values“, во чиј управен одбор се наоѓа рабин, но и истражувач на полето на католицизмот и исламот, во име на организацијата, ги води Јуксел Алп Асландоган

Асландоган, во име на ФЕТО дава изјави за светските медиуми, а по неуспешниот обид за државен удар во Турција, на 15 јули 2016 година, изнесе низа невистини на американските официјални претставници во врска со Турција и обидот за пуч, зад кој стои ФЕТО.