АВСТРИЈА: Предлог на децата да им се забрани пост на училиште

0
268

Карл Нехамер, генерален секретар на Националната партија на Австрија (ОВП), главен партнер во коалиционата влада, бара децата кои одат на училиште да им се забрани постот, јави агенцијата Анадолу (АА).

Во обраќањето кон новинарите, Нехамер изјави дека учениците заради постот се исцрпени и заради тоа не можат да ја следат наставата.
“Доколку верските ритуали му нанесуваат штета на здравјето на децата, тогаш навистина се отишло предалеку”, рекол Нехамер.
Тој истакна дека слободата на религијата е многу важна вредност во Австрија, која, како што рече, ги почитува сите верски практики.
-Барам на деца кои одат на училиште да им се забрани постот. Постот на децата ги исцрпува и им претставува пречка да ја следат наставата – изјавил Нехамер.

Извор:faktor