Еве, како што вели нашиот народ шуќур му на Возвишениот Аллах џ.ш , го дочекавме и и овој светол празник Рамазан Бајрам, малку тажни заради заминувањето на месец рамазан, ама нејсе така треба да биди, секој месец секој празник си има своја убавина, радост и тага.

Помина еден месец, месец во кој иншала сме заслужиле награда за нашиот пост и времето поминато во ибадет. Кој повеќе кој помалку, ама иншала Возвишниот и во наредниот период што повеќе да ги отвори нашите срца и и даде сила нашиот иман да го зголемиме со намаз и пред се делата преку кои исламот се истакнува како вера на мир, спас, доброчинителство, и се она што и како што е напишано во неговата чесна книга Кур`анот.

Малку ќе ни недостига неговата убавина, односно редот кој тој ни го постави, тргнувајќи од ифтар, суфур, теравија, па и дури тропотот на рамазанскиоп тапан.

Помина и тој благословен месец, благодарение на Возвишениот што ни ја даде таа можност да го доживееме како што треба, и денес да му кажеме добредoјде на благословениот празник Рамазан бајрам  како круна на месец Рамазан.

Возвишениот Аллах секогаш постот на вистинскиот верник му го олеснува, тој да не ја почувствува неговата тежина, без разлика на нашите стравувања од тоа дека денот е голем, дека е многу жешко, еве и тој си замнина, а ние иншала сме ја заслужиле неговата награда и милост.

Сега ни преостанува да продолжеме со нашиот ибадет и делата како што налагаат според исламот, и се разбира притоа да не заборавиме на намазот, и молиме иншала да си дочекаме и на следниот празник Курбан бајрам , и иншала наредниот месец рамазан.

Како и да е, на крај уште еднаш редакцијата на Дубаи Портал на сите припадници на исламска веросповест им го честита празникот рамазан бајрам, убаво да си го поминат во кругот на своите најблиски, со радост, и потсетување на Возвишениот Аллах џ.ш, а оние кои моментално не се тука (печалбарите) иншала наскоро и тие што поскоро бидат покрај своите најблиски роднини и пријатели и почувствуваат топлината на своите сакани, и иншла овозможи и тие еден од наредните празници да го поминат во кругот на своите.