(Фото) БИХ: Празнична атмосфера на улиците на Сараево,Бајрамски честити, и дарови за најмалите

0
170

Муслиманите од целиот свет денес го прославуваат првиот ден од Рамазан Бајрам. Најголемиот муслимански празник настапи после едномесечниот пост кој траеше за време на месецот Рамазан, и еден од најголемите муслимански верски празници низ Босна и Херцеговина, но и во светот, и се дочекува во семејно опкружување.
Бајрам-намаз беше клањан ширум во џамиите на Балканот. После намазот, верниците меѓусебно си честитаа, а младите добиваа подароци.
Овој празник, исто така, претставува посебна радост за децата. Бајрам банка или Бајрамлук е нешто што се чека и се радува. Вообичаено е децата да посетуваат постари роднини и соседи и да бидат дарувани со пари, чоколади или бонбони. Понекогаш тие биле популарни “шеќери”
Децата порано на родителите Бајрам им го честитаа со бакнување на десната рака, а нивните родители им возвраќале со бакнување на челата и дарување со хаир – дова.. Овој обичај е зачуван до ден-денес во БиХ и делови на Балканот, Турција и Арапскиот Свет.

Извор:РСА