Холандија го блокираше почетокот на преговорите на Албанија со ЕУ

0
292

Холандскиот парламент го блокираше отворањето на пристапните преговори на Албанија со Европската унија, пред самитот на Унијата следната недела, на кој Тирана требаше да добие одобрение за започнување преговори за членство.

Повеќе од половина од пратениците, 76 од вкупно 150, вклучувајќи и пратеници кои ја поддржуваат владата на премиерот Марк Руте, го блокираа почетокот на преговорите на Албанија со ЕУ, наведувајќи ја сериозната загриженост во врска со борбата против корупцијата, пренесува порталот Еуракттив.

Почетокот на разговорите за членство на Албанија и Македонија во ЕУ беше поддржан од социјалдемократите и зелените, кои имаат вкупно 33 пратеници. Тие проценуваат дека овие балкански земји ќе работат на владеењето на правото, борбата против криминалот и корупцијата ако имаат јасна перспектива за членство.
Демократот Кристијан Мартин ван Хелверт рече дека Холандија го гледа растечкото влијание на Русија и Кина во Западен Балкан, но дека нема причина да се компромис за критериумите за членство.

Еурактив, исто така, наведува дека во случајот со Македонија, која има постигнато историски договор со Грција во однос промената на името, не е сигурно дека на самитот ќе добие одобрени да ги започне преговорите за пристапување, бидејќи Австрија би можела да ја блокира таа одлука.

Советот за општи работи на ЕУ ќе расправа за започнувањето на разговорите за пристапување меѓу Албанија и Македонија во понеделникот и вторникот, како и отворањето нови поглавја во преговорите со Србија. Четврток и петок е состанок на шефови на држави и влади на Унијата.

Извор:cmd