СДСМ го осуди нападот врз штабот на ВМРО ДПМНЕ

0
130

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го осуди нападот на централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ и секаков друг вид на насилства коишто ја загрозуваат безбедоста.

Во партиското соопштение, владејачката партија отфрла каква било поврзаност со случајот, како што обвинија од опозициската ВМРО ДПМНЕ и се наведува дека СДСМ никако не може да биде виновен за поделбите внатре во опозициската партија.

-СДСМ јасно и недвосмислено беше дел од Шарената револуција во вистинските моменти кога државата требаше да се спаси од криминалот, поделбите и изолацијата, и тоа не го криеше. Во улога на владејачка партија, СДСМ ја води државата напред и работи исклучиво во интерес на граѓаните.

Очекуваме сите надлежни институции, согласно нивните законски надлежности, да го расчистат овој случај, се вели во соопштението од СДСМ.

Извор:НоваТВ