Владата на одржаната 78. седница го разреши Арменд Шаќири од должноста директор на КПУ – Казнено-поправен дом од отворен вид Струга.
Како што соопштија од владината прес-служба, одлуката за разрешувањето на Шаќири е донесена на негово барање.
Шаќири барал смена, но неофицијално ваквата разврска се поврзува со акцијата што МВР на имаше викендов во Струга, а во која се апсеа дилери на дрога, кои освен по улиците дрога внесувале и во затворот. При тоа во акцијата осомничено беше и еден полциски иснпектор. Телевизија Алсат –М, пак пишува дека директорот на затворот и полициски инспектор се осомничени дека ги злоупотребиле овластувањата бидејќи одредени затвореници, обвинети за трговија со наркотици, освен што ги пуштале слободно да се движат, им доставувале информации за тоа каде се движи на полицијата. А во полициската операција која била насочена против дилери на дрога, лицата биле следени со посебни истражни мерки, а меѓу оние кои биле предмет на истрага бил и директорот на затворот.
извор: 24mk
MD