(Фото/Видео) АБУ ДАБИ: Џамијата на шеик Зајед, бисер на среде пустина

0
760

Имајќи ја во предвид посетата на Дубаи Портал на Обединетите Арапски Емирати, не можевме да ја замислиме нашата посета на Абу Даби без претходно да ја посетиме една од најубавите џамии на светот. Џамијата на Шеикот Зајед.

Ако нешто вреди да се види во Абу Даби, тогаш тоа е џамијата на шеикот Зајед која ќе ве фасцинира со својата убавина
Она што не може да се пропушти во Абу Даби е џамијата на Шеикот Зајед. Досега сме гледале многу градби и џамии низ целиот свет, но ова ремек дело дефинитивно се искачи на врвот на топ листите на најубави џамии.

Џамијата е најголема во Обединетите Арапски Емирати и е осма најголема во светот. Таа беше отворена во 2007 година и е именувана по првиот претседател на ОАЕ, кој беше погребан тука. Изградбата на џамијата траела 12 години и на неа работеле повеќе од 3.000 работници. Може да прими околу 40.000 верници, од кои 9.000 може да прими во внатрешноста. Џамијата има четири минариња кои се издигаат до височина од околу 115 метри. Повеќе од 80 куполи се украсени со мермер, а дворот е поплочен со обрасци од мермер и има површина од околу 17.000 м2. Внатрешноста, исто така, може да се пофали со најголемиот тепих во светот кој чини 8 милиони долари, а на неговата изработка работеле 1200 мајстори, и за таа работа им биле потребни 2 години за да се создаде килим од 5700 м ². Покрај тоа, можете исто така да го видите импресивниот лустер, кој е исто така најголем во светот и тежи околу 12 тони. Лустерите се украсени со милиони кристали од Сваровски.

Влезот во џамијата е бесплатен

За нас преубава и од надвор и однатре. Посебно воодушевување е во самрак, таман кога сонцето ќе почне да заоѓа и кога рефлекторите ќе осветлат. Ако имате малку подолг престој во Абу Даби, како што ја имавме ние искористете го ова чудо на архитектурата што ќе ве остави без здив.

Во ова прилика би сакале да ги потсетиме сите наши пријатали, сограѓани, кои сакаат да ги посетат преубавите делови на оваа заливска држава. (Дубаи, Абу Даби, Шарјах, Ал, Аин, Фуџеира..) Веќе од месец октомври започнуваме со организирано обезбедување на предстој во оваа земја со обезбедување на сите потребни документи (виза, авионски карти, осигурување) како и сместување во хотел со соодветен за секој џеп. За поголема група, обезбеден превоз до Аеродромот Скопје, со придружба на соодветно лице преведувач во текот на предстојот.

Фото и Видео Дубаи Портал.