Во синоќешниот воздушен напад на месноста Сирб во подрачјето Суса кај градот Деир ез-зор под контрола на терористичката организација ДЕАШ, животот го загубиле 35 цивили, а најмалку 25 цивили биле ранети

Во реализиран воздушен напад во градот Деир ез-Зор во североисточниот дел на Сирија животот го загубија 35 цивили.

Според добиени инфромации од локални извори, во синоќешниот воздушен напад на месноста Сирб во подрачјето Суса кај градот Деир ез-Зор кое е под контрола на терористичката организација ДЕАШ, животот го загубиле 35 цивили, а најмалку 25 цивили биле ранети.

Медиумите лојални на Асадовиот режим тврдат дека нападот за кој станува збор е реализиран од страна на воени авиони на коалицијата предводена од САД.

Елементите на терористичката организација ДЕАШ во источниот дел на земјата го продолжуваат своето присуство во две разделени една од друга области кај градовите Хасеке и Деир ез-Зор во близина на ирачката граница, кои се наоѓаат под опсада.

Сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во мај со поддршка и на САД и Франција повторно започна операција против тамошните елементи на ДЕАШ.

Меѓутоа, терористичката ЈПГ/ПКК засега не можеше да постигне одреден напредок, а воедно и силите на ДЕАШ возвраќаат силно.

Според новинската агенција Анадолија, површината што терористичката организација ДЕАШ ја држи сеуште под окупација во Сирија изнесува приближно 5-насто од териториите на оваа земја.

извор: Trt.

MD