Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на церемонијата на свечено одржување на првиот состанок на претседателскиот кабинет во старата историска зграда на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) во квартот Улус во Анкара.

Ердоган истакна дека исто како што беше и пред 98 години и денеска не признаваме поголема световна (минлива) сила од онаа на народната волја и рече: „Сите ќе работиме без да застанеме ниту за момент се додека не изградиме Турција во која ќе можеме да гледаме со доверба кон нашата иднина.“

Во меѓувреме, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на својата сметка на социјалната мрежа Твитер, сликаната фотографија за време на неговиот говор на церемонијата на свечено одржување на првиот состанок на претседателскиот кабинет во старата историска зграда на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) ја сподели со написот „Доминацијата (власта) е на народот“.

Претседателот Ердоган денеска во претседателската палата учествуваше и на церемонијата на свечено доделување на Државен орден на честа на Бинали Јилдирим, 27-от и последен премиер на Република Турција и сега веќе актуелен претседател на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).

Во говорот што го одржа на оваа церемонија претседателот Ердоган истакна дека овде се собрани за доделување на Државен орден на честа на премиерот на 65-тата влада на Република Турција Бинали Јилдирим.

„Овој орден им се доделува на личностите кои имаат големи заслуги за постоењето и одржувањето во живот на нашата држава, неделивата целина на нашата земја и нашиот народ, спокојството на општеството, слогата и единството. На мојот древен сопатник и соработник господинот Бинали ја доставувам мојата благодарност за услугите кои што ги вршеше за нашата земја. Му честитам за успешните работи кои што ги реализира до денеска.“ – рече претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

извор:Trt.

MD